Хроника од 30-та седница

Скопје, 25.09.2023 – На 30та седница Советот на Агенцијата го донесе Правилникот за изменување и дополнување на „Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Македонија“ бр.172/2014 и 76/2015)“.

Во врска со известувањата за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе две Одлуки со кои се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД ЏЕЗ ФМ од Скопје и на ТРД Радио РЕД ФМ Скопје.

Врз основа на констатации од извршени надзори, Советот на Агенцијата на денешната седница изрече две мерки за јавна опомена, и тоа:

  • На ТРД ТВ-Канал ВИС ДООЕЛ Струмица, за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ – односно необезбедување превод на македонски јазик;
  • На ТРД ТВ Здравкин ДООЕЛ Велес, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ – односно неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, нити пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела го емитува во период од 07,00 до 19,00 часот.

За потребите на Агенцијата, Советот даде одобрување за спроведување на две постапки за јавна набавка, и тоа: водоинсталатерски и електрични услуги, и одржување на хардвер на системот за мониторирање на радио и ТВ сервиси и надзор на ОЈЕКМ.



Accessibility

Accessibility