Скопје, 12.08.2022 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Заклучок да го информира Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во врска со наводите на Канал 5 Телевизија за повреда на нивните права кои се однесува на проблемите со кои оваа телевизија се соочила при потпишување на договорите со турската национална телевизија ТРТ.
Советот на Агенцијата изрече седум мерки за јавна опомена и тоа:
- врз основа на констатациите од извршени редовни програмски надзори на операторите МТЕЛ Скопје и ВИВА НЕТ Берово за прекршување на член 141 ЗААВМУ, реемитување на програмскиот сервис коj не е опфатен со потврдата за регистрација на програмските сервиси издадени од АВМУ;
- согласно писмениот извештај за извршен редовен административен надзор на ТРД Плус Форте Тетово заради прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиум, необјавување на податоци за сопственичка структура, одговорни уредници и извор на финасирање;
- врз основа на констатациите од извршени редовни програмски надзори на ТРД ТВ ЕРА Скопје и ТРД ТВ М Охрид за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ, необезбедување превод на јазикот на кој медиумот емитува програма согласно дозволата;
- врз основа на констатациите од извршен редовен програмски надзор на ТРД ТВ ЕРА, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ, неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот миниум изворно создадена програма; и
- врз основа на констатациите од извршен редовен програмски надзор на ТРД ТВ-Стар Штип, за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ, емитување на поп-ап/реклами меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.
Со цел реализирање на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка-стока: пијалаци за потребите на Агенцијата и канцелариски материјали.