Хроника од 32та седница

Скопје 09.11.2021 – Советот на Агенцијата го усвои Водичот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за мониторинг на примената на стандардите за известување за случаи на родово засновано насилство во медиумите. Водичот дава јасни насоки за тоа како да се спроведува надзорот кои ќе бидат познати и на медиумите со оглед на фактот дека ќе биде објавен и достапен на веб страницата на регулаторното тело. За негова поширока популаризација, Водичот ќе биде и јавно презентиран на онлајн настан.

Со цел усогласување со новиот Закон за заштита на лични податоци, Советот донесе Упатство за примена на безбедносното правило за „чист екран“ и „чисто биро“ при обработка на лични податоци.



Accessibility

Accessibility