Хроника од 32-та седница

Скопје, 16.10.2023 –Советот на Агенцијата на 32та седница, одржана на 09.10.2023г. донесе Одлука за доделување на дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на регионално ниво, преку јавна електронска комуникациска мрежа, на ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци. Исто така, Советот донесе Одлука за продолжување на рокот за започнување со вршење на дејноста за радио емитување на програмски сервис наменет за студиска популација на Непрофитна радиодифузна установа УНИВЕРЗУМ Скопје.

Врз основа на констатации од програмски вонреден надзор, реализиран по службена должност, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип, поради прекршување на членот 68, во врска со член 3 став 1 точка 12 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно имателот на дозволата не обезбедил емитување на еден/единствен програмски сервис емитуван како целина од програми и други елементи на една единствена аудио медиумска услуга што е наменета за прием од страна на јавноста на целата територија на Република Северна Македонија.

На првото продолжение на 32та седница одржано на 16.10.2023г. Советот на Агенцијата поведе две прекршочни постапки против РТД МЕТРОПОЛИС РАДИО ДОО Скопје. Првата прекршочна постапка ќе се поведе поради прекршување на членот 14 од Законот за медиуми, односно необјавување на импресум, додека втората прекршочна постапка ќе се поведе поради прекршување на членот 54 став 5 од ЗААВМУ (не е дозволено спонзорство на вести, актуелно-информативни програми за тековни настани и на верски програми.

Врз основа на констатации од надзор каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, Советот на Агенцијата донесе 4 Решенија за изрекување на мерка за јавна опомена на следниве радиодифузери:

  • ТРД Телевизија ПЛУС ДОО Куманово, поради непочитување на член 51 став 1 од ЗААВМУ, односно не ги обезбедил информациите што треба да им се направат достапни на корисниците;
  • ТРД ЗДРАВКИН ДООЕЛ Велес, поради непочитување на член 14 од Законот за медиуми, односно поради необјавување на податоци за импресум;
  • ТРД Г-ТВ Телевизија ДООЕЛ Гостивар, поради непочитување на член 14 од Законот за медиуми, односно поради необјавување на податоци за импресум;
  • ТРД Г-ТВ Телевизија ДООЕЛ Гостивар, поради непочитување на член 92 ставови 1 и 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно не емитуваше најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.

Во насока на исполнување на Планот за јавни набавки за 2023 година, Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Пренос на податоци од далечинските локации.



Accessibility

Accessibility