Хроника од 33та седница

Скопје, 25.08.2022 – Советот на Агенцијата на 33-та седница на ТВ Шутел му изрече четири мерки за јавна опомена поради прекршување на член 50 став 3, член 64 став 1, член 92 став 1 од ЗААВМУ и поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми. Исто така поради непочитување на член 15 од Законот за медиуми на ТВ Ирис му се изрече мерка јавна опомена.

Советот заклучи против ТРД ТВ К&М КИСС&МЕНАДА ДООЕЛ Тетово да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи со надзорот е констатирано дека наведениот радиодифузер спротивно на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, на 12, 16, 17 и 18 август 2022 година, во повеќе реални часови емитувана програма одвои повеќе од законски дозволените минути за платено политичко рекламирање.

 



Accessibility

Accessibility