Хроника од 33-та седница

Скопје, 25.09.2020 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за Ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година. Со ребалансот се обезбедија финансиски средства за изработка на Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво.

Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно неплатен годишен надоместокот за дозвола за телевизиско емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДООЕЛ.

Врз основа на констатации од административен надзор, каде е констатирано прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ, односно необезбедување информации што треба да им се направат достапни на корисниците, Советот на Агенцијата изрече мерки јавни опомени за следниве радиодифузери: ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип, ТДР ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица и ТДР ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје.

Исто така, со редовниот административен надзор кај радиодифузерите ТРД ИРИС ДОО Штип и ТРД Телевизија ПОЛОГ ДООЕЛ Тетово е констатирано прекршување на член 14 од Законот за медиуми, поради што Советот на Агенцијата изрече мерки јавни опомени.

За ТРД ИРИС ДОО Штип, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена поради констатирано прекршување на членот 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 17 и 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.

Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радио дифузно друштво РАДИО ФАМА ДОО Тетово.

Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе Одлука за уплата на средства заради овозможување пристап на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до податоци на Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на РСМ.



Accessibility

Accessibility