СКОПЈЕ,10.07.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност по доставени пресметки за трговските радиодифузни друштва и заклучи да иницира постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Радио Мис 2008 Пласница и Продукција – ЛГН Неготино кои по доставените пресметки не извршија плаќање на надоместокот за дозволата. Воедно, Советот заклучи да им упати последно предупредување да го платат долгот кон Советот во рок од 15 дена од иницирањето на постапката за одземање на дозволата, известувајќи ги дека во спротивно, Советот ќе донесе одлука за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.
СРД ја усвои Информацијата во врска со добиените податоци од страна на Агенцијата за електронски комуникации, за некористење на радиофрекфенцијата 102.2 MHz од страна на Друштвото за радиодифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга и заклучок за иницирање на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност. Советот ќе оствари службена посета кај Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга, за да се утврди дали овој радиодифузер започнал да емитува програмски сервис на доделената фрекфенција 102,2 MHz.
-СРД ја усвои Анализата на следењето на сопственичката структура на радиодифузерите и на нивните обврски во поглед на транспарентноста на сопственоста во периодот од 01 јануари до 30 јуни 2013 година.
-СРД ја усвои Информацијата за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговско радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА ТИКВЕШИЈА ДООЕЛКавадарци и одлучи му даде одобрение за промена на сопственичката структура.
-СРД ја усвои Информацијата за доставеното Барање од ТРД ДИБРАТВ ДООЕЛ Дебар и одлучи да ја повлече поднесената жалба против Пресудата на Основниот Суд Дебар со која на обвинетите ТРД ТВ Дибра и одговорниот уредник во правното лице име изречена прекршочна санкција – опомена.
Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Куманово, ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 18 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Телма, Алсат М и Balkanika.
-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Тетово, ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 18 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Телма и Алсат М.
-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Велес, ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 19 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Телма и Алсат М.
-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Скопје, ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 20 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Телма и RTS.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 15 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Tring Super, Tring Sport, Folk Plus, Tring World, Mediasat (Scan), Tring Comedy, Tring Shqip, Tring Tring, NTV, Vision Plus, Tring Max, Tring Life, 3 Plus, Tring Planet, Club TV, Kanali 7 и X-Tring.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 16 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Discovery Channel, Animal Planet, TLC, ID Investigation, Discovery, Discovery World и Discovery Science.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 18 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Tring Super, Tring Sport, Folk Plus, Tring World, Mediasat (Scan), Tring Comedy, Tring Shqip, Tring Tring, NTV, Vision Plus, Tring Max, Tring Life, 3 Plus, Tring Planet, Club TV, Kanali 7 и X-Tring.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 19 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Discovery Channel, Animal Planet, TLC, ID Investigation, Discovery, Discovery World и Discovery Science.
-на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр. 42 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: MTV Hits, MTV Rocks, MTV Dance, VH 1 и VH 1 Classic.
-на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО, ул.Маршал Тито бб, Гевгелија, Потврда бр. 2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Канал Вис-Струмица (локална), Face TV, Da Vinci Learning, Outdoor, IQS Life, MTV Adria и Ginx.
-на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО, ул.Маршал Тито бб, Гевгелија, Потврда бр. 3 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: ТВ Кобра-Радовиш (регионално), Eurosport и Eurosport 2.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа KДС – ВТ ДООЕЛ Пробиштип, ул.Ленинов плоштад бр.9 Пробиштип, Потврда бр. 5 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алфа ТВ, Сител, Сител 3, ТВ Сонце, Канал 5 плус, Наша ТВ, Kopernikus TV, Al Jazeera Balkans, B92 info, TV 1, MTV Adria,BN TV, BN Music, Hayat, Travel Channel, World Fashion, Eurosport, Eurosport 2, HRT 1, HRT 3 и RTS SAT.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе,Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 18 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: True Entertainment, Bliss TV, Chart Show TV, Dance TV, Flava TV, Scuzz TV, The Vault TV, POP TV POP Girl, Tini Pop, Kix, True Movies 2, Chart Show Dance, French Lover TV и Free –X TV.
-на Друштво за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје ул.Даме Груев бр.3 Скопје, Потврда бр. 11 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Sport Klub HD, Sport Klub plus HD, Sport Klub prime HD, Sport Klub premium HD Eurosport HD, Eurosport 2 HD, National Geographic HD FOX, CBS Drama и CBS Reality.