Скопје, 26.10.2023 –Советот на Агенцијата на денешната 34та седница, донесе Oдлука за необјавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиски програмски сервиси со: претежно забавен општ формат, претежно информативен општ формат и општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции, на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс, затоа што со Студијата за утврдување на оправданост, се утврди дека не постои оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиски програмски сервиси за наведените формати на телевизиски програмски сервиси.
Во врска со известувањата за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД ЛАЈФ Радио Скопје.
Воедно, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе Одлука за уплата на средства за пристап до податоци на интернет дистрибутивен систем на Централен регистар на РСМ.