Хроника од 35-та седница

Скопје, 21.10.2016г. – Советот на Агенцијата го прифати предлогот од директорот на Агенцијата и покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телеканал А1 ДООЕЛ Струмица, поради прекршување на член 80 став 5, а согласно член 82 став 1 алинеја 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно не плаќање на надоместокот за дозвола за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.  

Усвоена е и Информација за распоредот на телевизиските програмските сервиси на трговските радиодифузни друштва во електронскиот водич за програма (EPG) За MUX6 и MUX7.



Accessibility

Accessibility