Скопје, 27.10.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата ги разгледа Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01.07 до 30.09.2017 година и Информација во врска со исполнување на минималните кадровски услови од страна на ТРД РТВ ОРБИС Битола ДООЕЛ.
Воедно, Советот одобри директорот да донесе Одлука со која се одобруваат финансиски средства за покривање на трошоци на претходна постапка заради утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка над должникот ЕРА САТ ДООЕЛ Скопје и Одлука за обновување на кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен Весник на РМ“.
Донесувањето на Одлуката за промена на сопственичка структура на ТВ 24 Вести од Штип се одложи поради проверка на приложената документација.