Хроника од 35-та седница

Скопје, 29.11.2021 – Советот на Агенцијата на 35-та седница донесе Одлука со која се одобри зголемување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-ва година и даде одобрување на директорот на Агенцијата да донесе Одлука за доделување финансиска помош – донација за настраданите македонски државјани во сообраќајната несреќа во Република Бугарија во вкупен износ од 2,850,000.00 денари кои ќе се спроведат преку Црвениот крст на Република Северна Македонија, посебен Фонд за солидарност. Воедно, Советот на Агенцијата донесе и Правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во врска со известувањето за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво РАДИО ВАТ ДОО Скопје.

По спроведен контролен програмски надзор, каде што е утврдено дека ТРД СИТИ Телевизија ДООЕЛ Скопје, и покрај претходно изречените Решенија за мерка-јавна опомена не ги отстранил повредите, односно продолжил со вршење повреда на чл.50 став 3 од ЗААВМУ, чл.19 од Правилникот за заштита на малолетните лица и чл.92 став 3 од ЗААВМУ, Советот на Агенцијата заклучи да се покренат прекршочни постапки.



Accessibility

Accessibility