Хроника од 36-та седница

Скопје, 10.11.2022 – Советот на Агенцијата донесе Нацрт-годишни планови за вршење програмски и административен надзор за 2024 година и Нацрт-програма за работа на Агенцијата за 2024 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план за 2024 година). За сите три Предлог-нацрти отворена е јавна расправа во времетраење од 30 дена.

Во врска со Информацијата за средствата за финансирање на радиодифузната дејност согласно член 26 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот донесе заклучок да достави допис до МИОА како последна опомена, а доколку не се исполни обврската за исплата на средствата Агенцијата да поведе судски спор пред надлежен суд.

Советот на Агенцијата изрече две мерки за јавна опомена, врз основа на редовни програмски надзори за прекршување, и тоа:

  • На ЕФ-ЕМ 90,3 Спортско радио ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, за прекршување на членот 14 од Законот за медиуми – необјавување импресум во целини од радиовести,
  • Петтиот телевизиски програмски сервис (МРТ5) на ЈРП МРТ Скопје за прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ – неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни медиумски дела, а јавниот сервис најмалку 40%.

 

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на следните јавни набавки: одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација, печатарски услуги, истражување на мислењето на публиката и за спроведување на постапка за набавка на услуга обука на вработени со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки. Воедно, одобри и финансиски средства за обновување на два кориснички пристапа до електронската база на прописи на „Службен Весник на РСМ“.



Accessibility

Accessibility