Скопје, 07.11.2017г. – На 37-та седница Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе Одлука за уплата на средства заради овозможување пристап на Агенцијата до податоците на Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на РМ. Исто така, согласно Годишниот план за јавни набавки на Агенцијата за 2017 година, Советот даде одобрение за спроведување на три постапки за јавни набавки и тоа: Интернет конекција со хостирање на веб страница на Агенцијата, Горива за потребите на Агенцијата и Одржување на противпожарна – спринклер инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и ПП апарати.