Скопје, 16.11.2022 – Советот на Агенцијата согласно Писмениот извештај за извршен контролен програмски надзор бр.10-4176/1 од 10.11.2023 г., во кој е наведено дека на 19 октомври 2023 година ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип ги отстранил законските пречки за вршење на дејноста, донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип.
Поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, Советот изрече 4 мерки јавна опомена и тоа:
- на ЈРП МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Трет програмски сервис (МРТ3), за прекршување на член 14 од Законот за медиуми,
- на ЈРП МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Четврти програмски сервис (МРТ4), за прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ,
- на Радиодифузното трговско друштво СКАЈ РАДИО Теодор ДООЕЛ – Скопје, за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, и
- на РЕПРО ПРИНТ ДООЕЛ од Скопје, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми
На седницата Советот даде одобрување за исплата на парична помош – надоместок за смрт на член на потесното семејство.