Хроника од 38-та седница

СКОПЈЕ, 27.06.2014- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница го усвои Извештајот од извршениот контролен административен надзор на исполнувањето на обврската од член 13 став 1 од Законот за медиуми и заклучи да покрене постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Енергу Радио ДООЕЛ увоз-извоз Струга со оглед на фактот што издавачот на медиумот и во дополнително утврдениот рок од 45 (четириесет и пет) дена не ги извршил обврските предвидени со член 13 ставови 1 и 6 од Законот за медиуми.

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со отворената и заклучена стечајна постапка над Трговското радиодифузно друштво „ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА” ДООЕЛ Скопје и донесе одлука за отпишување на долгот на ТРД „ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА” ДООЕЛ Скопје од сметководствената евиденција на Агенцијата, со оглед на тоа што не постои можност побарувањата да бидат наплатени.

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над Трговско радиодифузно друштво ,,МОНАКО – РАДИО СИТИ ФМ” ДООЕЛ Куманово и заклучи да продолжи со континуирано следење на поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над споменатиот радиодифузер.

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со извршениот контролен надзор врз работата на операторот на јавни електронски комуникациски мрежи ИГМАС-НЕТ ДООЕЛ Битола и заклучи против овој оператор да поднесе 2 (две) барања за поведување прекршочна постапка, поради тоа што тој не постапил по Решението на Агенцијата за преземање мерка, односно продолжил со реемитување на програмскиот сервис Discovery Channel со титл на српски јазик и поради непостапување по Решението за исклучување на следниве програмски сервиси: Boomerang, Визија, OBN, Фолклор ТВ, БОМ (Best of Macedonia), Discovery Channel, K-15 music, BN music и Al Jazeera.

Агенцијата го усвои Конечниот извештај за извршена ревизија на канцелариско и архивско работење.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштвото за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија, Потврда бр. 14 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: Atlas TV;

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – aналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свети Николе, Струмица, Кочани, Радовиш, Кавадарци, Неготино и Прилеп, Потврда бр. 11 (аналоген пакет) и Потврда бр. 32 (дигитален пакет) со која регистрираните програмски пакети, како целина се дополнуваат со следните телевизиски програмски сервиси: ТВ 5 Плус и РТВ Орбис (локално Општина Битола, Могила, Новаци и Ресен);

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 28 (аналоген пакет) и Потврда бр. 22 ( дигитален пакет) со која регистрираните програмски пакети, како целина се дополнуваат со следните телевизиски програмски сервиси: СNN Internacional, Cartoon Network и Boomerang;

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 65 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Smile и Tring History;

-на Друштвото за услуги, производствои трговија ВВВ-ИНТЕРНЕТ ДООЕЛ, Потврда бр. 6 (аналоген пакет) и Потврда бр. 5 (дигитален пакет) со која регистрираните програмски пакети, како целина се дополнуваат со следните телевизиски програмски сервиси: Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Golf Klub, Lov I Ribolov, Ultra, Mini Ultra и Cinemania;

-на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија, Потврда бр. 15 со која регистрираниот дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: Алсат-М и ТВ ВТВ (регионално D4 – Боскија).



Accessibility

Accessibility