Скопје, 23.11.2023 – Поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, Советот изрече 7 мерки јавна опомена и тоа:
- 5 јавни опомени за ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на:
- член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица, односно за емитување играни програми без да бидат означени со сигнализација за заштита на малолетните лица;
- член 51 став 1 од ЗААВМУ, необезбедување информации што треба да им се достапни на корисниците;
- член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ, неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела;
- член 98 став 1 од ЗААВМУ, рекламирање што не е јасно одвоено од другите делови од програмата;
- член 14 од Законот за медиуми, за необјавување податоци за импресум.
- на Друштвото за издавачка дејност, маркетинг и компјутерски услуги НАРОДЕН ЛЕКАР ДООЕЛ Скопје, издавач на „Народен Лекар“, за неисполнување во целост на обврската од член 14 од Законот за медиуми, необјавување податоци за импресум.
- на Здружението СРПСКИ КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР СПОНА Скопје, издавач на „Слово“, за неисполнување во целост на обврската од член 14 од Законот за медиуми, необјавување податоци за импресум.
Во врска со известувањата за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе две Одлуки со кои се дозволи промена на сопственичката структура на РТД АРАЧИНА и ТРД ВИСТЕЛ Скопје.
Советот на Агенцијата донесе и две Решенија за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ К&М КИСС&МЕНАДА ДООЕЛ Тетово и ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин ДООЕЛ Велес.
Согласно Планот за јавни набавки на Агенцијата за 2023 година, Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавната набавка адаптивно и превентивно одржување на постојниот софтвер за анализа на РА и ТВ програми – НАВС.
На седницата Советот даде одобрување за исплата на парична помош – надоместок за смрт на член на потесното семејство и донесе Решение за трансформација на работен однос на еден работник во Стручната служба на Агенцијата.