Хроника од 38-та седница

Скопје, 21.10.2020 год. – На денешната седница Советот на Агенцијата ги разгледа Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 јули до 30 септември 2020 година.

Врз основа на констатации од редовен програмски надзор, каде се констатирани прекршувања на член 141 став 13 од ЗААВМУ, реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврда за регистрација на програмски сервиси издадена од АВМУ и член 143 став 5 од ЗААВМУ, во својот програмски пакет ги нема обезбедено програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис „МРТ 2“, „МРТ 3“, „МРТ 4“ и „МРТ 5“, Советот на Агенцијата изрече мерки јавни опомени за операторот Друштво за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје.

Советот на Агенцијата донесе и две Решенија за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО Скопје и ТРД Јован Трпески ТВ МОРИС ДООЕЛ Охрид.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за јавна набавка: печатарски услуги, технички преглед на лифтови и платформа, и да донесе одлука за одобрување на финансиски средства за обновување на два кориснички пристапи на електронската база на прописи на Службен весник на Република Северна Македонија.



Accessibility

Accessibility