Хроника од 39-та седница

Скопје, 12.12.2023 – Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на Приватна високообразовна установа Универзитет Скопје – Скопје, Непрофитна радиодифузна установа УНИВЕРЗУМ СКОПЈЕ, поради тоа што техничките и просторните услови на радиодифузерот не се во согласност со понудените технички и просторни услови во постапката за доделување на Дозволата.

Советот на Агенцијата донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво КТВ ДООЕЛ Кавадарци.

Поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за нови рекламни техники, Советот му изрече мерка јавна опомена на ТРД АЛСАТ-М ДОО Скопје за емитување поп-ап/реклами на поделен екран што покриваат суштински делови од драмско дејствие.

Советот заклучи против Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи со надзорот е констатирано дека наведениот операторот во својот програмски пакет ги нема обезбедено програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис односно не врши реемитување на програмските сервиси „МРТ 2“, „МРТ 3“, „МРТ 4“ и „МРТ 5“ што е спротивно на член 143 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во врска со известувањата за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД ЏЕЗ ФМ Скопје.



Accessibility

Accessibility