Хроника од 4-та седница

Скопје, 08.02.2023г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри зголемување на финансискиот план на АВМУ за 2023 година. Со зголемувањето се обезбедија  финансиските средства наменети за еднократна финансиска помош-донација за настраданото население во Република Турција и Сириска Арапска Република. Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност.

Советот на Агенцијата ги разгледа и Кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 октомври до 31 декември од 2022 година.

Врз основа на добиено барање за утврдување и противзаконско реемитување на дел од програмската содржина на ТВ Телма, Советот на Агенцијата донесе заклучок да достави Информација до МВР – Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал за постоење сомневање за повреда на авторските права и сродните права од страна на EON TV International Ltd, Limassol Kipar.

Советот на Агенцијата му одобри на директорот на Агенцијата да донесе Одлука со која ќе се усвојат Конечниот извештај и Пописните листи од извршениот попис во Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за 2022 година.

Воедно, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе одлука за уплата на средства за пристап до податоци на интернет дистрибутивен систем на Централен регистар на РСМ и даде одобрение директорот на Агенцијата да спроведе постапка за јавна набавка услуга од приватна агенција за вработување.



Accessibility

Accessibility