Хроника од 4-та седница

Скопје, 26.01.2024 – Советот на Агенцијата на вчерашната седница ја одложи точката за донесување на Одлука за одземање на дозволата за радио емитување на радио емитување на ТРД РАДИО ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје за првото продолжение на 4та седница кое ќе се одржи на 29.01.2024 година.

Поради неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД БАЛКАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Гостивар.

Согласно писмениот извештај за извршен програмски вонреден надзор, по претставка, Советот на Агенцијата на РТД Метрополис Радио ДОО Скопје му изрече мeрка јавна опомена за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ затоа што на 9, 10, 11, 12 и 13 јануари 2024 година, во емисијата „Радио аукција“, најавите на водителот се емитувани изворно на хрватски јазик, без да се обезбеди превод на македонски јазик.

Советот на Агенцијата донесе и Одлука со која се дозволи промена во сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип.

За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри спроведување на постапки за јавна набавка на услуги: закуп на простор за објавување огласи во дневни весници и одржување на противпожарна спринклер инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и одржување на ПП апарати.



Accessibility

Accessibility