Скопје, 05.02.2018г. – Советот на Агенцијата на денешната седница донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување една дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Струга. Заради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот донесе одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Радио Мерлин ДООЕЛ Дебар. Исто така донесе одлука со која се дозволува промена на сопственичка структура на Трговското радио дифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА КАНАЛ 8 ДООЕЛ Кочани и одлука за поведување постапка за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД ЕНЏЕЛС ФМ ДООЕЛ Штип.
Согласно Планот за јавни набавки во 2018 година, Советот даде одобрување за спроведување на три постапки за јавни набавки за следните услуги: Специјализирани обуки за ИТ, Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици и Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс.