Скопје, 25.12.2023 – Советот на Агенцијата на 40та седница ја одобри Програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година, и ги донесе Годишните планови за вршење административен и програмски надзор за 2024 година.
Советот го усвои Стратешкиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2024-2028.
Воедно, одобри директорот на Агенцијата да донесе Годишен план за спречување на корупција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година и Годишен план за проценка на ризици од корупција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година.