Хроника од 40та седница

Скопје 21.10.2022 – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво телевизија КАНАЛ-21 ДООЕЛ Велес.

Со цел обезбедување толкување на македонски знаковен јазик, за глуви и наглуви, за дел од активностите за време на Деновите на медиумска писменост 2022 година, Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на услугата – со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.

Советот на Агенцијата го донесе и Упатството за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка, и ќе влезе во сила со денот на неговото донесување а ќе се применува од 1 јануари 2023 година.

Врз основа на констатации од извршени контролни програмски надзори Советот на Агенцијата заклучи да се покренат прекршочни постапки пред надлежниот суд против ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица и против КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје за прекршување член 53 став 2 од ЗААВМУ.

Советот на Агенцијата го донесе и Правилникот за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на следните јавни набавки: систем за автоматско управување со документи и одржување и сервисирање на службени моторни возила, и се одобри директорот на Агенцијата да донесе Одлука за исплата на парична помош – надоместок за смрт на член на потесно семејство на вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Accessibility

Accessibility