Хроника од 40-та седница

Скопје, 22.12.2016г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 40-та седница ги донесе Годишните планови за вршење програмски и административен надзор за 2017 година и даде одобрување за донесување на Годишниот план за јавни набавки во 2017 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Воедно ја усвои и Програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година (со Програма на планирани активности и Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година).  

Советот го одобри предлогот на директорот на Агенцијата за донесување одлука за претплата на „Службен весник на Република Македонија“ за 2017 година во печатена форма.



Accessibility

Accessibility