Скопје, 03.10.2018 – На денешната седница Советот на Агенцијата даде одобрување на директорот на Агенцијата за објавување и спроведување на јавен оглас за засновање работен однос и за спроведување на постапка за вработување на двајца извршители – соработници во секторот за правни работи.
Советот на Агенцијата ги разгледа извештаите за извршен надзор (мониторинг) на медиумското претставување на Референдумот 2018 коишто се однесуваа на периодот од 21 до 27 октомври на следниве радиодифузери 24 ВЕСТИ, КОМПАНИ 21-М, СИТЕЛ, КАНАЛ 5, ТЕЛМА и АЛСАТ-М и зазема став дека директорот на Агенцијата не треба да покрене прекршочни постапки.