Скопје 03.11.2022 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку ЈЕКМ на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на албански јазик, на локално ниво на подрачјето на Општина Куманово, Општина Липково и Општина Старо Нагоричане.
Врз основа на констатации од извршен редовен програмски надзор Советот на Агенцијата заклучи да покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд против Друштвото за телекомуникации Скупи КАБЛЕ ДОО Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ, односно поради реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво Радио Ла Коста ДООЕЛ Виница.
Советот на Агенцијата изрече шест мерки за јавна опомена и тоа:
- врз основа на констатации од извршени редовни програмски надзори врз ТРД Алсат-М ДОО Скопје за прекршување на:
- член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица – емитувани промотивни најави за играна програма без сигнализација за заштита на малолетните лица,
- член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ – неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела нити пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски еудиовизуелни дела го емитува во период од 07,00 до 19,00 часот и
- член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 2 од Правилниот за нови рекламни техники – емитување на поп-ап/реклами на поделен екран што покриваат суштински делови од драмското дејствие и преведувачкиот титл, како и предупредувачкиот знак за категоријата програма и логото на телевизијата.
- врз основа на констатации од извршен редовен програмски надзор врз ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица емитување на предупредувачка сигнализација само на почеток, но не и за време на емитување на играни програми.
- врз основа на констатации од извршен вонреден, по службена должност, програмски надзор врз Трговското радиодифузно друштво Компани 21-М ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 55 ставови 6 и 7 од ЗААВМУ за промотивно препорачување и придадена претерана важност(истакнување или упатување) на производи.
- врз основа на констатции од извршен редовен програмски надзор врз Трговското радиодифузно друштво Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица, односно промотивни најави за игран серијал емитувани без да бидат означени со визуелен знак за сигнализација на категоријата програма што се најавува.
Советот одобри директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на услуга-автобуски превоз за регионална конференција и одлука со која се одобруваат финансиски средства за обновување на кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на РСМ“.