Хроника од 41-та седница

Скопје, 08.10.2018 – На денешната седница Советот на Агенцијата го прифати предлогот од директорот за доставување Информација до Министерството за внатрешни работи на Република Македонија – Центар за сузбивање организиран и сериозен криминал, за постоење сомневање за сторена повреда на авторски права и сродните права од страна на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги МУЛТИМЕДИА-НЕТ ДОО Скопје.

Имајќи предвид дека се отстранети причините за водење на постапката за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација кај ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО Прилеп, Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на постапката за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација по службена должност.

 



Accessibility

Accessibility