Скопје, 28.11.2022 – Советот на Агенцијата, на денешната седница врз основа на констатации од редовен програмски и административни надзор, изрече шест мерки за јавна опомена, и тоа:
ТРД ДИБРА ТВ ДООЕЛ Дебар за прекршување на
- Член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ – неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела нити пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски еудиовизуелни дела го емитува во период од 07,00 до 19,00 часот;
- Член 98 став 1 од ЗААВМУ – емитување на рекламни огласи што не се јасно одвоени од другите делови од програмата со оптички и/или звучни средства на почетокот од рекламниот блок;
- Член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица – емитувана играна серија без соодветна преупредувачка сигнализација пред почетокот и без класификациска ознака за категоријата програма во текот на целото времетраење;
- Член 51 став 1 од ЗААВМУ – необезбедување информации што треба да се достапни на корисниците и
- Член 14 од Законот за медиуми – необјавување податоци за импресум, што радиодифузерот е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис.
и
ТРД ТВ КАНАЛ ФЕСТА ДООЕЛ Куманово за прекршување на
- Член 51 став 1 од ЗААВМУ – необезбедување информации што треба да се достапни на корисниците.