Хроника од 44-та седница

Скопје, 16.11.2018г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе два Нацрт-годишни плана за вршење програмски и административен надзор за 2019 година, и Нацрт-програма за работа на Агенцијата за 2019 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план за 2019 година). За сите три нацрта отворена е јавна расправа во времетраење од 30 дена, односно до 15.12.2018 година.

Се донесе Одлука со која се додели дозвола за непрофитна радиодифузна установа на Здружение РАДИО МАРИЈА МАКЕДОНИЈА од Скопје, за радио емитување на програмски сервис на македонски јазик, наменет за христијанското население, на локално ниво на подрачјето на општина Струмица.

Советот на Агенцијата, даде одобрување за донесување на одлука на директорот за одобрување на финансиски средства за учество на обука на двајца вработени во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility