Хроника од 44та седница

Скопје, 05.12.2022 – Советот на Агенцијата, на денешната седница врз основа на констатации од редовен програмски и административни надзор, изрече три мерки за јавна опомена на ТРД Телевизија Плус ДОО Куманово за прекршување на:

  • Член 54 став 5 од ЗААВМУ и член 4 од Правилникот за спонзорство – емитување на спонзорирана религиска ТВ – проповед;
  • Член 92 став 3 од ЗААВМУ – неемитување на половина од изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела во период од 07,00 до 19,00 часот;
  • Член 14 од Законот за медиуми – необјавување податоци за импресум, што радиодифузерот е должен да ги емитува на соодветно место за секоја посебна содржина од програмскиот сервис.

 

Советот на Агенцијата заклучи против ТРД ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје да покрене прекршочна постапка врз основа на контролен административен надзор, со кој е утврдено дека радиодифузерот не постапил по Решението за изрекување мерка јавна опомена и не ја отстранил повредата на член 14 од Законот за медиуми, односно продолжил во дел од емитуваните програми да не ги објавува податоците за импресум што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја посебна содржина од програмскиот сервис.

 

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на новогодишни честитки со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.

 

 

 



Accessibility

Accessibility