Хроника од 45-та седница

Скопје, 23.11.2018г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе заклучок за отворање на јавна расправа за утврдување на потребата за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои емитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси.

Воедно, Советот на Агенцијата донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за радио емитување на програмски сервис, говорно-музичко радио од специјализиран формат кај кое доминантниот вид на програма има забавна функција, на албански и македонски јазик, на државно ниво, Правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Одлука за ребаланс на финансискиот план за 2018 година.



Accessibility

Accessibility