Скопје, 12.12.2018г. – Советот на Агенцијата на 46-та седница донесе одлукa за одбивање на Писменoто барање од заинтересираната страна за донесување одлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на регионално ниво – подрачјето на град Скопје, поради тоа што се утврди дека нема слободна радиофреквенција согласно Планот за доделување и користење на радиофреквенциите, односно нема можност за определување на нова фреквенциска доделба за град Скопје. Воедно даде и одобрувања на Директорот на Агенцијата за донесување на три одлуки и тоа: одлука за објавување на јавен оглас за засновање работен однос и за спроведување на постапката за вработување на три извршители, Одлука за одобрување на финансиски средства, за набавка на адвокатски услуги од Адвокатската канцеларија „Златко Колевски“ од Скопје, за 2019 година и одлука за одобрување на финансиски средства за прeтплата на “Службен весник на Република Македонија“, за 2019 година, во печатена форма.
Советот на Агенцијата на седницата едногласно го одби Барањето од подносителот ТРД 24 Вести ДООЕЛ од Штип за спроведување вонреден инспекциски надзор во АВМУ.