Хроника од 47-та седница

Скопје, 30.12.2020 год. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Заклучок за давање одобрување за донесување на Годишниот план за јавни набавки во 2021 година

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата донесе два предлога за поведување прекршочни постапки против ТРД ИРИС ДОО Штип поради прекршување на чл.14 од Законот за медиуми, необјавување на податоци – импресум, односно непостапување по Решение за изрекување на мерка-јавна опомена и ТОТАЛ ТВ Скопје поради прекршување на чл.143 став 5 од ААВМУ односно операторот не врши реемитување на програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис „МРТ 2“, „МРТ 3“, „МРТ 4“ и „МРТ 5“.

Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на постапката за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување, на локално ниво за подрачјето на општина Кавадарци, поради доставено Барање од заинтересираната страна за повлекување на Барањето за доделување дозвола.

На оваа седница Совет на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе одлуки за одобрување на финансиски средства за набавка на адвокатски услуги за 2021 година и за претплата на „Службен весник на Република Северна Македонија“ за 2021 година.

Воедно, Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе 9 (девет) одлуки за отпис на долг од сметководствената евиденција на Агенцијата за следниве радиодифузери ЕРА САТ ДООЕЛ Скопје, ТВ МЕДИ Битола ДООЕЛ, ЕНЕРГУ РАДИО Скопје, ЏАНГЛ ТВ Скопје, ПРОДУКЦИЈА-ЛГН Неготино, ТВ СУПР СКАЈ с.Мала Речица Тетово, ТВ ЕМИ Радовиш, АЛБ ТВ 2010 Струга, БМ Телевизија Скопје.

Записниците кои беа предложени во Дневниот ред за 47та седница, се одложени за првото продолжение на 47та седница.



Accessibility

Accessibility