Хроника од 47-та седница

Скопје, 26.12.2024 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 47-та седница одобри донесување на Годишниот план за јавни набавки за 2025 година.

Исто така, дадени се одобренија директорот на Агенцијата да ги донесе Годишниот план за проценка на ризици од корупција и Годишниот план за спречување на корупција за 2025 година, Одлука за набавка на софтвер за евиденција на работното време при работа од далечина и за набавка на адвокатски услуги за 2025 година, за што се обезбедени финансиски средства, кои се предвидени во Финансискиот план на Агенцијата.

Покрај овие одлуки, Советот донесе и Одлука за неуспешен Јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво во општина Битола. Конкурсот беше прогласен за неуспешен поради отсуство на пријави во утврдениот рок, заклучно со 16.12.2024 година.



Accessibility

Accessibility