Хроника од 5-та седница

Скопје, 15.02.2023 – Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри Ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023-та година. Со усвоениот ребаланс на Финансискиот план за 2023 година, вкупните планираните расходи остануваат на претходно утврденото ниво.

Советот на Агенцијата изрече две мерки јавна опомена, и тоа на:

  • ЈРП Македонска РадиоТелевизија Скопје – Македонска Телевизја – Втор програмски сервис (МРТ2), врз основа на редовен програмски надзори за прекршување на член 55 став 5 од ЗААВМУ, односно пласирање производи во програми без да биде јасно означено дека содржат пласирање производи.

и

  • ТРД ДИБРА ТВ ДООЕЛ Дебар, врз основа на контролен надзор за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ, за неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, емитувана во периодот од 7,00 до 19,00 часот.

 

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе Одлука за спроведување на постапка за јавна набавка услуга – закуп на простор за објавување огласи во дневни весници и Одлука за набавка на услуга – дезинфекција и дезинсекција во деловните простории со вредност под праговите за примена на Законот за јавни набавки.

По доставено барања, согласно Законот, Советот на Агенцијата даде одобрение да се донесат три Одлуки за исплата на паричен надоместок на тројца работници за смрт на член на семејство (родител), во висина од по 15.000,00 денари.



Accessibility

Accessibility