Скопје, 07.02.2024 – На денешната 5та седница Советот на Агенцијата ги разгледа кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 октомври до 31 декември 2023 година.
Поради исполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување Советот на Агенцијата донесе Решение со што ја запре постапката за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД БАЛКАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Гостивар.
Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе Одлука за усвојување на Конечниот извештај за извршениот попис и Пописните листи од извршениот попис во АВМУ за 2023 година.
За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри спроведување на постапки за јавна набавка на услуги: авионски билети, ревизорски услуги и финансиско осигурителни услуги.