Хроника од 5-та седница

СКОПЈЕ, 31.07.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница одлучи да ја запре покренатата постапка за одземање на дозволата за вршење на радиодифузната дејност на ТВ Шутел Скопје, ТВ Канал 5 Плус Скопје, ТВ БТР Национал Скопјеи ТВ Ирис Штип поради тоа што горенаведените радиодифузери го платија надоместокот за вршење радиодифузна дејност.

Советот на Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со распоредот на телевизиските програмски сервиси на трговските радиодифузни друштва во електронскиот водич за програма според уделот во вкупната гледаност во 2013 година.

Советот на Агенцијата го овласти в.д Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во име на Агенцијата да склучи Договор за закуп на деловен простор со Друштвото за трговија и услуги АГРОМЕХАНИКА АД увоз-извос Скопје.

Советот на Агенцијата го одобри текстот за склучување Анекс бр. 1 кон Договорот за послуга склучен со Националната установа Кинотека на Република Македонија,, бр.03-437/1 од 23.08.2012 година и бр. 11-1410/1 од 23.08.2014 година.

Советот на Агенцијата му даде одобрение на в.д Директорот на Агенцијата, да ја донесе одлуката со која од сметководствената евиденција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе се отпише долгот на Трговското радиодифузно друштво ”ПЕРСПЕКТИВАТВ“ ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата му даде одобрение на в.д Директорот на Агенцијата да ја донесе одлуката со која по правосилност на решението Ст.бр.127/14 од 27.06.2014 година од сметководствената евиденција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се отпише долгот на Трговското радиодифузно друштво “МОНАКО-РАДИО СИТИ ФМ“ ДООЕЛ Куманово.

Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапката за јавна набавка за стоката: Истражување на родовите прашања во програмите на радиодифузерите.

Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапката за јавна набавка за телекомуникациска услуга: Услуга за фиксна телефонија.

 



Accessibility

Accessibility