Скопје, 19.02.2021 – Советот на Агенцијата на 5-та седница поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ односно ненавремено плаќање на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско и радио емитување, покрена 28 постапки за одземање на дозволата на 17 телевизии и на 11 радија, и тоа: НАША ТВ Скопје, СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА Скопје, ТВ ЕРА Скопје, ТВ МТМ Скопје, ТВ ШУТЕЛ Скопје, ТРД КТВ Кавадарци, ТВ КОХА Тетово, ТВ КАНАЛ ФЕСТА Куманово, ТВ НОВА Гевгелија, ТЕЛЕВИЗИЈА КОЧАНИ-ЛД Кочани, ТРД ПРОТЕЛ Пробиштип, Телевизија КАНАЛ–21 Велес, ТВ ЗДРАВКИН Велес, ТВ СВЕТ Свети Николе, ТВ СПЕКТРА Лабуништа, ТВ ГУРРА Кичево, ТВ ДУЕ Гостивар, РА КАНАЛ 77 Штип, РА АРАЧИНА Арачиново, РАДИО ВАТ Скопје, РА РФМ Скопје, РА КАПИТОЛ ФМ Скопје, РА Б-97 Битола, РАДИО ЛА КОСТА Виница, РА КОМЕТА 2000 Гостивар, РАДИО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Кичево, РАДИО УСКАНА Кичево и РА МОДЕА Свети Николе.
Согласно Известувањето од АЕК дека нема слободна радиофреквенција на територијата на градот Скопје, Советот донесе Одлука со која се одбива писменото барање од заинтересираната страна за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на локално ниво на територијата на градот Скопје. Исто така, Советот донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола.
Со цел спроведување на Планот за јавни набавки за 2021 година, Советот даде одобрение за 3 набавки за потребите на Агенцијата и тоа: Систем за автоматско управување со документи, Превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење и Закуп на простор за објавување огласи во дневни весници.
Советот ја одложи за наредна седница точката во врска со Информацијата во однос на преземените активности од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од аспект на имплементација на Законот за употреба на јазиците.