Хроника од 6-та сеница

Скопје, 08.02.2019г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одби Барањето од ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис, на државно ниво, преку дигитален терестријален мултиплекс.

Воедно, донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ ХАНА, Мевљан ДООЕЛ Куманово.

Советот ја усвои Информацијата за висината на префрлените средства за финансирање на радиодифузната дејност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Советот донесе Заклучок да се донесе нова Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.

Советот на Агенцијата му одобри на директорот на Агенцијата да донесе Одлука со која ќе се усвојат Извештајот и Пописните листи од извршениот попис на средствата, обврските и побарувањата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за 2018 година и за отпис на основните средства.

Со цел да се започнат постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: миење на возила, мобилна телефонија, изнајмено печатење и канцелариски материјал.



Accessibility

Accessibility