Хроника од 55-та седница

СКОПЈЕ 07.11.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Нацрт – Ревизијата на Националната Програма за усвојување на европското законодавство НПАА 2014. Во овој документ, се идентификувани активностите на Советот за радиодифузија за 2014 година, а кои се во насока на усогласување со европското законодавство и роковите за реализација на овие активности.

СРД го усвои Правилникот за техничките, просторните, финансиските и кадровските услови за добивање дозвола за вршење радиодифузна дејност. Со Правилникот се пропишуваат минималните технички, просторни, финансиски и кадровски услови, што треба да ги исполнат радиодифузерите за да емитуваат програма на локално, регионално и национално ниво.

СРД го разгледа барањето на Хелсиншки комитет за човекови права на РМ за потврда дека радио кампањата „Македонија има љубов за сите“ е кампања од јавен интерес и заклучи да го извести Хелсиншкиот комитет дека Советот за радиодифузија нема законска основа да ги разгледува програмските содржини наменети за радио или телевизиско емитување и за истите да дава какви било сугестии или мислења, пред да бидат емитувани на програмите на радиодифузерите. Воедно, радиодифузерите се независно во креирањето на својата уредувачка политика и сами одлучуваат кои содржини ќе ги емитуваат.



Accessibility

Accessibility