Хроника од 6та седница

Скопје, 26.02.2021 – На 6-та седница, одржана на 24.02.2021 година, Советот на Агенцијата ја усвои Годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година.

Советот на Агенцијата врз основа на констатации од извршен редовен програмски надзор, каде е утврдено непочитување на член 141 на Законот за  аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно реемитување на програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе Решение за изрекување на мерка јавна опомена на операторот Инфел-КТВ од Охрид.

На оваа седница Советот донесе две Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТДРД СПЕКТРА Општина Лабуништа и за радио емитување на ТРД Радио Ла Коста од Виница, поради тоа што радиодифузерите годишниот надоместок за дозволата го платиле во целост.



Accessibility

Accessibility