Скопје, 31.01.2020 – На денешната седница на Советот на Агенцијата даде одобрување за дополнување на Годишниот план за јавни набавки 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавна набавка – услуга: набавка на авио билети, услуга од агенција за привремени вработувања/приватна агенција за вработување и финансиско-осигурителни услуги.