Хроника од 60-та седница

СКОПЈЕ, 22.11.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услугиБЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Велес, Потврда бр. 23 и за град Тетово, Потврда бр. 23 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Balkanika.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услугиБЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Скопје, Потврда бр. 25; за град Штип, Потврда бр. 20;за град Куманово, Потврда бр. 22; и за град Прилеп, Потврда бр. 24, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси:DM SAT и Balkanika.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 20 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: Канал 5 ТВ и Atlas TV.

-на Друштво за комуникација, трговија и услуги КАМ НЕТ ДООЕЛ М. Каменица, Потврда бр. 2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси:TВ Стар(регионална), ТВ Ирис (регионална), ТВ Д1 (регионална), Sport Klub, Sport Klub +, Fishing & Hunting, Golf Klub, Cinemania, Planeta и Balkanika.

– на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО, Потврда бр. 6 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси:Russia 24 и RTR Planeta.

-на Друштво за производство, трговија и услуги СПЕЈС ТЕЛ НЕТ ДООЕЛ с.Кадино Скопје, Потврда бр. 5 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси:Алфа ТВ и Наша ТВ.



Accessibility

Accessibility