Скопје, 23.02.2023 – Врз основа на констатации од извршени надзори, Советот на Агенцијата на денешната седница изрече две мерки за јавна опомена и тоа:
- На ТРД ТВ КАНАЛ ФЕСТА ДООЕЛ Куманово за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ затоа што на 4 јануари 2023 година не ги обезбедил информации што треба да им се направат достапни на корисниците и
- На СИГНАЛ-НЕТ ДОО Куманово за прекршување на член 141 од ЗААВМУ, реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.