Хроника од 7-та седница

Скопје 03.03.2021 –Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на Одлуката на Владата од петтиот пакет економски мерки со која се обезбеди финансиска помош за радиодифузерите во висина од 50.000.000,00 денари, на седмата седница донесе Одлука за начинот на реализирање на Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на РСМ за 2021 година и донесе Решенија запирање на сите покренати постапки за одземање на дозволи по основ на неплатен годишен надоместок за радио и телевизиско емитување. Воедно, беше одлучено да не се покренуваат нови постапки за одземање заради неплаќање на надоместокот за дозволите за 2021 година.

На седницата беа усвоени и нови обрасци за извештаите на радиодифузерите за спроведување на обврските утврдени во дозволите за радио и телевизиско емитување.



Accessibility

Accessibility