Хроника од 7-та седница

Скопје, 07.02.2020 – На денешната 7ма седница Советот на Агенцијата ја прекина покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД ЈОН-РАДИО ДООЕЛ Струга до денот на добивање информација базирана на мерења и пресметки дали е обезбедена покриеност со сигнал на најмалку 80% од населението во Република Северна Македонија од Агенцијата за електронски комуникации.

Советот му одобри на директорот на Агенцијата да донесе Одлука со која ќе се усвојат Извештајот и Пописните листи од извршениот попис на средствата, обврските и побарувањата и за отпис на основните средства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за 2019 година.

Со цел да се започнат постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: адаптивно и превентивно одржување на софтверски апликации од системот за мониторирање и оперативните системи, ревизорски услуги, кетеринг услуги и закуп на простор за објавување огласи во дневни весници.

Воедно, се одобри директорот на Агенцијата да донесе одлука со која ќе се изврши предвремена отплата на преостанати рати од финансиски лизинг, со средства предвидени во Финансискиот план за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility