Скопје, 03.03.2022 – Врз основа на констатации од контролен административен надзор Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ односно не ги обезбедил информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Советот на Агенцијата на денешната седница покрена постапка за одземање на дозволата на ТРД РАДИО ЛА КОСТА ДООЕЛ Виница, поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ односно ненавремено плаќање на годишниот надоместок за дозволата за радио емитување.