Хроника од 8-та седница

Скопје, 15.02.2019г. – Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозвола за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена 16 постапки за одземање на дозволата за телевизиско и радио емитување за следниве радиодифузери: КАНАЛ 5 ПЛУС ДООЕЛ Скопје, Телевизија СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп, ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје, Телевизија КОЧАНИ-ЛД Кочани, Т.В. КАЛТРИНА Мизар Татеши Струга ДООЕЛ, СПЕКТРА Општина Лабуништа ДООЕЛ, БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола, ТВ-АНИСА ДООЕЛ с.Пласница, Б-97 ДООЕЛ Битола, УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО УГД ФМ Штип, ДИБРА ТВ ДООЕЛ Дебар, ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин ДООЕЛ Велес, ТВ АМАЗОН ДООЕЛ Скопје, К ТРИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Куманово, ТВ КИСС Злате ДООЕЛ Тетово и Радио ВАЛАНДОВО ДОО Валандово

Советот на Агенцијата дискутираше по точката за поведување постапка за утврдување постоење повреда на член 38 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кај ТРД 1ТВ ДООЕЛ Скопје и ќе донесе одлука откако Собранието ќе ја констатира поднесената оставка од сопругата на сопственикот на медиумот на функцијата член на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.



Accessibility

Accessibility