Скопје, 27.02.2023 – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за усвојување на годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.
Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на регионално ниво, зона на распределба D1 Црн Врв – подрачје на регионално ниво Скопје на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје. Телевизискиот програмски сервис ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс.
Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на АВМУ, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе Одлуки за спроведување на постапки за јавни набавки на услуги – мобилна телефонија и одржување на хигиена.