Хроника од 8-та седница

Скопје, 18.03.2021 год. – На 8-та седница, одржана на 16.03.2021 година, Советот на Агенцијата го одобри Нацрт-годишниот извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година.

Советот на Агенцијата, врз основа на Извештаи од спроведени надзори каде се констатирани законски прекршувања, донесе 12 Решенија за преземање мерка јавна опомена. Јавна опомена за необјавување на импресум е изречена на програмските сервиси МРТ 3, МРТ 4 и ТВ Клан Мацедониа. За непочитување на правилата за заштита на малолетната публика јавна опомена е изречена на МРТ 2, МРТ 5 и ТВ Ирис. Информации коишто треба да се направат достапни до корисниците не обезбедија МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5, додека обврската за исполнување на квотата за програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела не ја исполниле ТВ Компани 21-М и МРТ 4.



Accessibility

Accessibility